Трета награда за Анушка Миновска на конкурсот „ Бибер“ за краток расказ

од desk2
105 прегледи

Расказот „Семејството на чичко Аки” на Анушка Миновска од Скопје ја доби третата награда на вториот конкурс „Бибер“ за краток расказ на тема „Помирување“, организиран од тимот на Бибер и Центарот за ненасилна акција Сараево/Белград.


Првата награда на конкурсот ја доби расказот „Јадат луѓе и без нозе” на Милица Вучковиќ од Белград, а втората – расказот „Чичко Зав” на авторката Џенета Ровчанин од Сараево.

Конкурсот на тема „Помирување“ беше распишан во јануари 2017. Пристигнале 385 раскази на македонски, албански, босански, хрватски, црногорски и на српски јазик, а за изборот одлучи жири во состав: Фарук Шехиќ, Ким Мехмети и Татјана Громача.

Дваесет и пет раскази се избрани да бидат објавени во збриката „Бибер 02“, која утре напладне ќе биде промовирана на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тетово.

На промоцијата ќе учествуваат Фарук Шехиќ, писател од Сараево и член на жирито, Ќерим Ондози, преведувач од Приштина, третонаградената авторка Анушка Миновска од Скопје и Данило Лучиќ, поет и уредник од Белград.