Со проекција на кратки аматерски средношколски филмови и интервју со Атанас Георгиев, продуцент и монтажер на „Медена земја”, денеска на социјалните мрежи почнува фестивалот „Три Дена Култура од Дома”.
Зад фестивалот стои „Art House Karev” – организацијата на ученици од СУГС гимназија „Никола Карев” која oваа година првпат, поради ситуацијата со коронавирусот, ќе го реалзира средношколскиот фестивал „Три Дена Култура” на инстаграм страницата @art_house_karev и фејсбук страницата Art house Karev (линк од страницата: https://www.facebook.com/arthousekarev/).
Вториот ден од фестивалот е посветен на физичкиот театар. Најавено е интервју со Валентино Апостоловски кој е добитник на наградата „Златна пеперутка” за најдобар кореограф на меѓународниот натпревар „Танцлаб” и Ивана Балабанова, основач на Битрикс. Ќе има и проекција на нивни преформанси.
За третиот ден е планирана музичка програма на бендови и солисти, а ќе има и лајв онлјан концерт од поранешен средношколски бенд. Специјални гости се Last Expedition.
Сите три дена ќе се постираат фотографии и цртежи од средношколски уметници. Сите активности се во согласност со насоките од владата и СЗО.
„Три Дена Култура“ се одржува трета година.