Три хороскопски знаци ќе остварат голема финансиска добивка во септември

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот руски астролог Павел Глоба во поранешните советски држави го нарекуваат „ѕвезден специјалист“ и тврдат дека има висока стапка на успех во неговите прогнози. Глоба е многу активен и често се рекламира, а луѓето го сакаат затоа што на едноставен и јасен начин, во само неколку реченици објавува што го чека секој знак од Зодијакот на месечно, неделно, па и дневно ниво.

Според него, овие три хороскопски знаци ќе „пливаат“ во пари во септември:

ОВЕН

Овенот во септември ќе се занимава со самоподобрување и напредна обука. Секој курс, семинар или студија ќе даде резултати и ќе ви се исплати повеќекратно. Ова може драстично да влијае на вашата финансиска состојба во позитивна насока. Вашата трудољубивост нема да остане незабележана, можно е да добиете покачување или претпоставените да ви понудат подобра позиција.

БЛИЗНАЦИ

На вредните Близнаци не им треба среќа или наклонетост на ѕвездите: тие дефинитивно знаат како да заработат пари! Сепак, во деновите на септември судбината ќе им подари дополнителна прилика да заработат уште повеќе пари. Исто така, ова е месецот кога претпоставените конечно ќе обрнат внимание на вас и на вашата работа, а тоа би можело да ви донесе многу придобивки.

СТРЕЛЕЦ

Судбината подготви подароци од поинаков вид за Стрелецот – многу корисни и ветувачки познанства! Обрнете внимание на луѓето кои се појавуваат во вашиот живот – некои од нив се билет за добра можност за заработка! Ќе се подобри и вашата финансиска состојба, а во тоа дефинитивно улога ќе имаат некои познаници.

Слични содржини