Три намирници кои помагаат при главоболка

од Elena Daskalova
503 прегледи

Пред да посегнете по лекови против болка, вреди да се обидете да си помогнете на природен начин, бидејќи постојат навистина ефикасни намирници кои можат да ја смират главоболката.

Unsplash

Сусам

Сусамот е богат со витамин Е, па помага да се воспостави баланс во нивоата на естроген во женското тело, а притоа и да спречи појава на главоболки во текот на менструалниот циклус. Затоа, одлично би било ако редовно додавате сусам во вашите салати или во другата храна.

Печен компир

Компирот содржи скроб кој многу помага доколку имате главоболка после неколку испиени чашки алкохол. Исто така е и еден од најздравите извори на калиум. Во еден испечен компир со лушпа има околу 720 мг калиум, што е повеќе споредено со бананата која во една овошка има околу 470 мг калиум.

Лубеница

Ако страдате од главоболка, а не можете да ја детектирате причината, голема е веројатноста дека ви треба повеќе течност и дека сте дехидрирале. Бидејќи ова најчесто се случува во лето, најдобро и највкусно решение е лубеницата, која освен што е богата со вода, има и многу минерали, особено магнезиум.

Слични содржини