Научниците истражувале многу фактори коишто влијаат врз начинот на исхрана – приборот за јадење, количеството , бојата на јадењата, сликите на храната на истаграм, луѓето со кои се храните … Но, какви се заклучоците до кои стигнале и кои се всушност факторите коишто влијаат врз намалување на порциите на храната?

Огледало во кујната
Според истражувањето спроведено во 2015 година од психолози на Универзитетот во централна Флорида, многу добар помошник со борбата со штетните навики во исхраната е огледалото во кујната. На учесниците во експериментот им било предложено да избираат меѓу чоколаден десерт и овошна салата, како и да избираат меѓу тоа да се хранат во соба со огледала или во соба без огледала. Салатата им се допаднала на сите без исклучок, но не било исто мислење за чоколадниот десерт: оние што го изеле, гледајќи се во огледало, споделиле дека не им бил толку вкусен како на оние што го изеле во собата без огледала.
Авторот на студијата Ата Џами ги коментира резултатите на следниов начин: “Огледалото им овозможува објективен поглед на самите нив, и тие се гледаат во други очи. “Според мислењето на експертот, огледалото им покажува на љубителите на штетните храна, дека тие не се во согласност со стандардите за здрава исхрана, а тоа предизвикува да се чувствуваат непријатно. Тоа, на пример, не им дава можност да уживаат во колачите.
Тишина (и свест)
Еве што може да нè спаси од прејадување, убеден е професор Рајан Елдер. Кога се храниме со пуштена музика или телевизор, ние не ги слушаме звуците од гризењето, голтањето, крцкањето итн. Така ние јадеме повеќе. Се се менува, кога слушаме или едноставно размислуваме за звуците кои ги создаваме за време на оброкот.
Чистота на масата
Хаотичната атмосфера е штетна за диетите, според истражувачот Лени Вартанај. Оваа го тера човек да мисли “Се е надвор од контрола, зошто да се воздржувам во исхраната?”
Експеримент бил направен меѓу жени: еден дел биле оставени во чиста и средена кујна, а другите – во несредена и валкана и со постојано ѕвонење на телефон. И во двата случаи учесничките се хранат со крекери, колачи и зеленчук. Втората група земала по 65 калории повеќе од првата. Значи, оние што сакаат да го задржат својот облик,односно тежина, добро е да јадат во чиста, добро средена и тивка просторија.