Три реинфекции и 32 новозаболени случаи од коронавирус

од Берта Китинска
157 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 665 тестови преку: ИЈЗ-35, ЦЈЗ Скопје-23, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-18, Биотек-22, Систина-14, лабораторија Лаор-20, Синлаб-0, Ремедика – 13, Плодност-9, Генеа-0, Никоб Лаб-95, ВФВ Медикал-7, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 365.

Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.

Слични содржини