Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко

Во последното деноноќие три жени пријавиле дека биле нападнати од нивните сопрузи и партнери, а полицијата во Штип уапсила маж кој му нанел телесни повреди на својот татко.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во последното деноноќие три жени пријавиле дека биле нападнати од нивните сопрузи и партнери, а полицијата во Штип уапсила маж кој му нанел телесни повреди на својот татко. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи утрово во  06:30 часот во СВР Скопје  педесет одишна жена од скопско пријави дека околу еден часот по полноќ  во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(52). Од МВР соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Вчера во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 01:30 часот ноќта физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, зсоопшти полицијата.

Утрово 48 годишна ена од Скопје пријавила во полиција дека вчера нејзиниот сопруг Г.П.(52) и упатувал закани, И за овој случај како што велат од МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.