Трибина „Како технологиите влијаат врз развојот на децата”

од Марта Пешевска
148 прегледи

Во организација на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Како технологиите влијаат врз развојот на децата”.

Целта на трибината е подигнување на јавната свест преку пренесувања на мислења и искуства од пракса на неколку истакнати експерти за штетното влијанието на современите технологии врз развојот на децата.

Организаторите најавуваат дека трибината ќе ја отвори проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Конференцијата  е во рамки на проектот „Вклучи внимание” што здружението го спроведува од јануари до јуни годинава со финансиска поддршка од Европската унија. Цели на проектот се зголемување на вниманието и фокусираноста на учениците за време на училишните часови и ангажирање на локалната власт на Општина Карпош во процесите за намалување на зависноста од паметните телефони кај учениците.