608
Триесет и седумгодишна скопјанка со иницијали А.Ц. била пронајдена мртва во домот во кој што престојувала.
Според информациите од полицијата, телото на жената било пронајдено синоќа.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.