Триесет работодавачи не ги почитувале мерките на Владата за заштита од топлотниот бран

од Nikola Popovski
229 прегледи

Во изминатите неколку денови Државниот инспекторат за труд извршил 164 надзори за почитување на мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури и биле изречени забрани за вршење на дејноста на 30 фирми.

Ова го обелодени денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

30 решенија за работодавачи кои не ги почитувале мерките на Владата, истакна Тренчевска како одговор на новинарско прашање.

Владата го вклучи алармот од опасност од високите температури и препорача бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа.

Детските градинки да го организираат работното време од 07.00 до 17.00 часот, а децата да не се изнесуваат на отворено по 11.00 часот. Мерките ќе важат од 13 до 16 јули, а доколку има потреба ќе бидат и продолжени.

Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Слични содржини