Триесетдневен притвор за гостиварецот кај кого беше најдена поголема количина кокаин

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Гостиварецот, кај кого при претрес на домот, полицијата најде поголема количина кокаин чија вредност е процената на триесет илјади евра, доби триесетдневен притвор.

Од СВР Тетово информираат дека судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар денеска на К.Д.(43) од Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Скопје“ во Скопје.

Гостиварецот К.Д. е осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес извршен вчера со судска наредба во неговиот дом бил пронајден и одземен кокаин, чија цена се проценува на околу 30 илјади евра.

Слични содржини