Трифонов: Нашиот предлог за влада не е ниту на Борисов, ниту на Доган

од Stefanija Kuzmanovska

„Има таков народ“ не учествува во никакви задкулисни договори и не реди министри ниту во нечиј бункер ниту во нечиј сарај. А, нашиот предлог за влада не е ниту на Борисов, ниту на Доган. Напротив. Борисов и Доган имаат непријатно минато и „Има таков народ“ нема да работат никогаш за да се повтори моделот наметнат од нив, сподели на својот профил на Фејсбук лидерот на ИТН Слави Трифонов.

По повод номинацијата на Николај Василев за премиер и другите предлози, Слави изјави дека сите предлози на ИТН се засноваат на експертски квалитети.

“Ние нудиме луѓе кои можат да ја завршат работата. И на крај, зарем не е тоа единствената цел на владата? Да ја завршиме работата“, рече Трифонов.

Слични содржини