Трикови за помалку калории: Тестенините јадете ги студени, пригушете го светлото

од desk2
80 прегледи

Советите за исхрана личат на модните хирови, час ова, час она се препорачува.

На крај повеќе немате поим дали некоја храна ве труе или е најдоброто што ви се случило.

Затоа во продолжение ви донесуваме неколку битни совети кои не излегуваат од мода, а кои професионалци скапо би ви ги наплатиле.

Сокријте ја својата слабост

Тоа важи за многу работи во животот, а особено за храната. Затоа изворот на вашата слабост како грицки или нешто друго, треба да го ставите надвор од видокругот.

Ефикасно е и ако „забранетата“ храна и слатките ги пакувате во непровидна амбалажа.

Водете се од правилото 10 отсто

На секои 10 грама изедени јагленохидрати, внесете барем грам влакна.

Разнолико зачинете ја храната

Сте забележале ли дека во МекДоналд на пример, сета храна има ист мирис? Тоа не е случајно туку тактика со која многумина се користат за да ве наетараат да изедете што повеќе.

Но, истражувањата покажуваат дека разни зачини кои не се сол, може на храната да и дадат богата арома, заради што луѓето се склони помалку да изедат.

Студени тестенини

Знаевте ли дека помалку ќе се здебелите ако тестенините пред јадење едноставно треба да ги ставите во фрижидер?

Пригушете го светлото
Кога светлото е пригушено се јаде 175 калории помалку по оброк, што секако се наталожува со годините.

Јадете овошје место да го пиете
Овошните сокови со шеќер се многу нездрави. Место тоа изедете некоја овошка.

Јадете предјадење
Супа, предјадење или обично овошје пред главното јадење може да го намалат вкупниот внес калории кои ги внесувате со еден оброк за дури 20 отсто. Ако тоа го правите само во еден оброк дневно, за една година може да ослабите 10 килограми.

Кога купувате, плаќајте со готовина

Истражувањата покажаа дека луѓето се склони да купуваат нездрава храна кога плаќаат со картичка. Иако овој податок можеби едноставно говори за финансиската состојба на потрошувачот, секако пробајте следниот пат да платите за купената храна со готовина.

Пијте вода

Важноста од внесување доволно вода дневно често се нагласува затоа што е важно за сите телесни функции, а една од нив е метаболизмот. Внесувањето 1,5 литри вода дневно го подобрува метаболизмот и може да придонесе за горење до 17.400 калории годишно.


Неодамнешно истражување покажа дека оние кои се обидуваат да ослабат имаат повеќе успех ако секојдневно се потсетуваат на своите цели.