Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19.
Најмногу новозарезени има во Скопје (70), во Битола се 13, во Штип има 7, додека во Кавадарци се 3. Во Прилеп, Велес, Гостивар, Кичево и во Неготино по 2, а по еден новозаразен сограѓанин имаат жителите на Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и на Дебар. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe и 77 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно и Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, исто така не е регистрирано ниту едно починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.