Тројанци-копачи носат милиони долари профит

од Vladimir Zorba

Хакерски групи заработуваат милиони долари од ширењето на програми-тројанци за екстракција на крипто-валути, покажува новата анализа на компанијата за безбедност „Лабораторија Касперски“.

Бумот на виртуелните пари ги изложи интернет корисниците на поинтензивни напади со крипто-мајнери. Во 2017 година бројот на овие напади се зголеми за 1,5 пати во споредба со претходната година.

За ширење на малициозните програми со карактеристики на „копачи“ се користат различни методи. Слични тројанци можат да се сокријат во различни апликации и игри. Покрај тоа, корисниците стануваат жртва на „адвер“.

Истовремено хакерите прибегнуваат до софистицирани техники за заразување – т.н. целни напади. Кај нив жртвата се принудува да симне и инсталира програма со скриен во неа „мајнер“. Инсталерот работи како легитимна алатка за Windows, но неговата главна цел е да симне „мајнер“ од оддалечен сервер.

При ваква шема, тројанецот работи под маската на легитимен процес, поради што корисникот не може да ја препознае заразата. Во исто време хакерите го прават невозможно стопирњето на задачата – при обид за нејзино прекинување, оперативниот систем се преоптоварува.

На крајот сајбер криминалците си обезбедуваат присуство во компјутерот на жртвата за подолг временски период, утврдува истражувањето на Лабораторија Касперски.

Според експертите, тројанците-копачи носат огромни профити на нивните творци. Само во последните шест месеци од минатата година, хакерите добиле неколку милиони долари од нивната криминална активност.

Слични содржини