Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев е првиот функционер во државава кој беше заразен со Ковид-19.
Крстев заедно со со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина“ и „Филип Втори“ во Скопје.
Крстев пред неколку дена информираше дека се чувствува добро, но и дека има дезинформации низ општината за кои тој реагира и пријавил во полиција. Градоначалникот рече дека слушнал дезинформации дека за него се зборува дека починал и дека се уште полицијата нема превземено никакви активности против лицето, иако, како што рече, има закон за ширење на лажни информации.
Пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска од Прилеп е вториот функционер во кој е позитивен на коронавирусот. Таа е хоспитализирана во прилепската болница. Во изјава за медиумите рече дека не знае како се заразила со вирусот, а се тестирала, бидејќи имала симптоми.
Вчера на својот Фејсбук профил кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, напиша дека по тестирањата резултатите покажале дека и тој е позитивен на коронавирусот.
Освен градоначалникот, 9 други членови на кумановскиот кризен штаб се заразени со коронавирусот. Меѓу нив има претставници на повеќе институции, вработени во јавните претпријатија и општината.
Сите членови кои се позитини се асимптоматски слуачи и се на домашно лекување.
По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој завчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација, соопштија од Влада.
На состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитуваа протоколите за заштита и носеа заштитна опрема.
-Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, соопштија од Влада.