Според статистиката еден отсто од светската популација д`тка, а тоа го прават и многу познати личности како Слаткар, Џибони, Славен Билиќ, Брус Вилис и други.

За повеќето луѓе изразувањето на своите мисли без неконтролирани пречки е разбирливо, но оние кои д`ткаат секојдневно се борат со потребата за изразување. Овие лица прават напори за нешто да кажат и тоа влијае на ритамот на говор, како и на психата па со време кај нив се развива страв од зборување и избегнуваат да зборуваат за да не се доведат во непријатна ситуација.
Неможноста да се изразите, да го кажете она што сакате ствара тежина. Чувството дека немате контрола над говорот доведува до фрустрации и човекот се бори со тоа.
„Многумина опишуваат дека е најлошо да знаете што сакате да кажете, а не знаете како да се изразите. Но, изгледа дека нашите тело и ум се поприлагодливи од што мислиме па се развива некој систем на одбрана и ублажување. Луѓето кои д`ткаат обично се потрпеливи од другите“, велат струќњаците, пренесува Klix.ba.
Во Босна и Херцеговина е покрената Facebook група Повежи се – Муцање Балкан, чија цел е луѓето да се запознаат да разменат искуства да си препорачаат терапија и вежби. Има 290 членови, а на неа се постираат корисни текстови. Ендаш или два пати неделно организираат и групен видеоразговор.
Тие велат дека разбирањето и трпението се клучни фактори кои им помагаат на луѓето кои д`ткаат да се опуштат и да се ослободат од своите стравови. Кога се работи за деца најголемо влијание имаат родителите кои треба да имаат добар однос кон говорот на детето во смисла да не го прекинуваат и да не го силат да зборува течно туку вистински да слушаат што има тоа да каже.
Бидејќи децата доста време поминуваат во училиште потребно е да се развие адекватен пристап за да не се чувствуваат отфрлени и помалку вредни од другите. Според администраторот на групата, погрешно е да се етикетираат децата што д`ткаат и да се тераат да пишуваат место усно да одговараат. Што повеќе зборуваат во опуштена атмосфера и почуваствуваат разбирање ќе зборуваат подобро.
Исто така, нагласуваат дека не е лошо да се зборува за проблемот, затоа што разговорот може да биде многу корсен.