Царовска: Просветните работници вложија несебичен труд во тешки услови на пандемија

од Nikola Popovski

Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на наставниците, искажувам неизмерна благодарност до сите просветни работници за посветеноста и несебичниот труд којшто го вложија во исклучително тешки учебни години во услови на пандемија и ни овозможија да имаме континуитет во образовниот процес, објави министерката за образование, Мила Царовска.

Таа потенцира дека наставниците храбро одговорија и на позитивните промени што ги воведуват за поквалитетно и современо образование, при тоа брзо прилагодувајќи се на новите наставни програми и дигиталните учебници.

-Одиме напред кон новите предизвици со кои сите заеднички ќе направиме образовен систем кој ќе ни биде национална гордост! Честит 5 октомври – Меѓународниот ден на наставниците, се вели во честитката на Царовска.

Слични содржини