Царовска: Процесот со новата платформа нема да биде воопшто лесен, но поддршка мора да се даде

од Берта Китинска

Министерката за образование, Мила Царовска порача дека процесот со новата платформа нема да биде воопшто лесен, но поддршката мора да се даде.

„Ќе имаме предизвици и во наредниот период, процесот нема да биде лесен,периодот за подготовка беше краток, но мислам дека имаме основи да кажеме дека училишната година ќе почне организирано и дека ќе имаме пристап до образовен процес кој ќе биде добар и да се надеваме дека согласно со епидемилошката состојба тој ќе биде и динамичен. Наша цел е учебната година да почне организирано. Треба трпение и сите знаеме дека процесот нема да биде лесен. Да ја дадеме поддршката на наставниците кои трпат големи притисоци овие моменти. Оваа платформа ја правиме за наредните 20, 50 години“, истакна Царовска.

Слични содржини