Царовска: Работиме и успеваме да изградиме инклузивно образование, кое вложува во младите и науката

од Берта Китинска
206 прегледи

Секое дете мора да има право на образование, квалитетно, навремено, достапно, со еднакви можности, за да прерасне во граѓанин и граѓанка и со моќта на знаењата да постигне личен и општествен развој, вели во својата видео порака министерката за образование Мила Царвоска, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

„Горда сум што и во време на пандемија, во многу тешки услови за децата, родителите и наставниот кадар, овозможуваме наставата да продолжи и да биде достапна за сите ученици. Работиме и успеваме да изградиме инклузивно образование, кое вложува во младите и во науката и ги подготвува за иднината. Токму затоа, новата концепција за основно образование ќе се заснова на вредности како почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и родова еднаквост и ќе создава граѓани кои ги почитуваат и живеат со овие вредности.Честит 10 декември -Меѓународен ден на човекови права!“, вели Царовска.

Слични содржини