Царовска: Со стручното образование се создаваат инженери, а не работничка сила од најниските нивоа

од Nikola Popovski

Министерката за образование, Мила Царовска вечерва изјави дека стручното образование треба да се гледа како на едукациски систем што создава инженери, а не работничка сила од најниските нивоа.

„Значајно е за да ги погледнат сите можности кои образованието што ќе го избеат им ги понуди понатаму во животот, дали за факултет, дали за работно место или останување во животот. Средното стручно образование нуди многу повеќе можности во нашата држава и компаниите нудат подобри и поплатени работни места, за оние ои што завршуваат средно стручно“, вели Царовска за емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Таа додава дека дуалното образование не го скратува правото на учениците своето образование да го продолжат на факултетите и во високите школи.

„Ова образование нуди проодност. Што значи дека никако не им го ускратува правото на учениците да продолжат во високо образование. Напротив, им дава подобра стартна позиција, посебно за техничките и сродните факултети. Затоа што стручните испити веќе ги учеле во средното и полесно ќе се справат со нив во високото образование“, рече Царовска.

Слични содржини