Целосно промашување: Кејти Пери уште не знае што е тоа добар стил

од Elena Daskalova

Кејти Пери негува необичен и ексцентричен моден стил, но кога нешто не е убаво, тоа е видливо дури и за најнеистренираното око.

Последен пат таа се појави во нешто што наликува на кошула, капут, фустан, па дури и на мантил за дожд, а според модните критичари се работи за нејзиното најлошо издание досега.

Ниту масивните обетки, ни лак-чевлите не помогнаа да се поправи впечатокот. Бојата одлично им стои на русокоси, но сосема сигурно е подобро ако се избере соодветен модел.

Слични содржини