Централен регистар: Верските заедници не се обврзани да составуваат финансиски извештаи до нас, затоа не постапивме

од Nikola Popovski

Централниот регистар реагираше по однос на денешната изјавата на Нури Бајрами од ДКСК поврзана со незаконитости и злоупотреба на финансиски средства на ИВЗ.

„Основниот регистар на Верски заедници, црква, религиозни групи го води надлежниот суд, а Централниот регистар ги презема тие податоци согласно Закон за едношалтерски систем во 2005 и 2006 година, кога и биле предвидени законските рокови за преносот на податоците“, се вели во соопштението на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски.

„Согласно член 18 од Закон за сметководство на непрофитни организации, непрофитните организации чија што вкупна вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност не се обврзани да составуваат финансиски извештаи и да ги доставуваат во Централен регистар во согласност со одредбите на овој закон. Тие непрофитни организации се должни да ја водат најмалку книгата за благајната и книгата на приходи и расходи,“ се вели во одговорот на Централниот Регистар.

Директорката Бошковска- Јанковски вели дека поради Закон за сметководство на непрофитни организации не е задолжително доставувањето на финансиските извештаи, ЦР не поведувал постапки против ниту една верска заедница, црква, религиозни групи.

Во продолжение се вели дека Централен регистар не може да знае колкави се нивните приходи кои ги водат во книгите за благајни и книгата на приходи и расходи. Обврската согласно Законот во конкретниов случај е на ИВЗ.

 

Слични содржини