Централната информациона агенција ЦИА ја тргна ознаката за тајност од вицовите кои нејзините агенти ги собирале во тогашниот Советски Сојуз и ги праќале во Ленгли.

Повеќето вицови се од средината на 80-тите години на минатиот век. Американските медиуми пренесуваат дека тие се собирани на барање од претседателот на САД Роналд Реган, кој сакал да се пошегува на своја и на туѓа сметка/
Но, во Советскиот Сојуз, не биле толку отворени. Во документите се наоѓа пример каде еден човек кој кажал виц во кој Сталин го опишува како „големоглав“ добил 15 години робија. Една година бил на робија за „непримерно изразување“, а останатите за „оддавање државна тајна“.
