Цитат на денот: Корупцијата е како дрога – мислиш дека може да запреш!

од desk3
197 прегледи

Некои се однесуваат со корупцијата како со дрогата: мислат дека можат да ја користат и да престанат кога ќе посакаат. Започнува со малку мала сума, тука рушвет, таму и така се губи сопствената слобода.

zx450y250_2829138

Ова го изјави поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрањо пред илјадниците верници, кои се собраа на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан денес, цитиран од “Франс прес”.

Според него корупцијата води до “привикнување” и создава сиромаштија и страдање.

“Сега, повеќе од кога било, имаме потреба од мир во оваа војна која е секаде во светот”, рече тој.