Црн корона рекорд во Турција: Речиси 56.000 новозаразени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 55.941 лице имало позитивен тест за коронавирус во Турција, што е најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата во земјата, покажуваат податоците објавени од турското Министерство за здравство.

Во извештајот се наведува дека други 258 лица починале како резултат на инфекцијата, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Турција достигна 33,201.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави поостри епидемиолошки мерки во земјата, вклучително и враќање на целодневниот полициски час за време на викендите во текот на месецот Рамазан, кој започнува на 13 април.

Слични содржини