Црн петок: Овие артикли никако не ги купувајте

441 прегледи

Трговците прават разни маркетиншки трикоци поради кои ќе помислите дека ќе заштедите пари, особено за Црниот петок. Иако овој ден гласи како најдобар за купување работи на големи попусти, сепак не е така, пишува Index.hr

Во продолжение, прочитајте на кои работи треба да внимавате.

Играчки

Иако е примамливо на детето да му купите играчка по поволна цена, сепак треба да знаете дека Црниот петок не е најдобро време за тоа. За време на овие попусти како и оние пред Божиќ, трговците ги си „чистат“своите складишта. Сепак, постои едно отстапување, а тоа е доколку барате некоја играчка која е моментално популарна, не би било на одмет да проверите што се нуди.

Телевизори

Некои телевизори се направени токму за Црниот петок, тоа значи дека тоа се т.н. деривати кои не се толку квалитетни. Низок квалитет, оштетени звучници, неможност за поправка се некои од тактиките. Некои компании, неколку години по ред произведуваат такви телевизори.

Доколку не сакате да западнете во таква замка, побарајте го бројот на моделот кој ви треба. Во случај да тој модел не постои во другите продавници, значи дека е произведен само за Црн петок.

Опрема за фитнес

Иако многумина се одлучуваат за купување на фитнес опрема пред празниците, со цел новогодишните резолуции за слабеење да се остварат, сепак најпаметно би било да почекате. По новогодишните празници, фитнес индустријата има најмногу конкуренција, па цените се значително пониски.

Зимска облека

Доколку за некого купуват поклон, тогаш Црн петок е одлично време а вас, но доколку сакате да го обновите својот плакар со нова зимска облека, тогаш почекајте до крајот на февруари. тогаш е крај на сезоната, па облеката ќе биде многу намалена.

Слични содржини