„Црн петок“ во Америка: Попусти, хаос и насилство

од desk2
120 прегледи

Во продавниците ширум САД почна лудилото наречено „Црн петок“ – неверојатни попусти пред божикните празници, што имаат уште поневеројатна вистинска цена – човечкото достоинство.

Купувачите скокаа едни врз други, се лактаа, се клоцаа, само за да дофатат телевизор со намалена цена од 70%.

https://www.youtube.com/watch?v=vn52yqfqpAo

Снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи кажуваат повеќе од доволно.

Во Алабама еден тинејџер загина во престрелка пред трговски центар пред да почне шопинг лудилото, а двајца други се повредени во инцидентот.

Во друг инцидент со пукање во истиот трговски центар е повредено 12-годишно девојче.