Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Крајот на епидемијата од коронавирус беше прогласен денес во Црна Гора. Ова го одлучи Националното координативно тело за заразни болести по предлог на Институтот за јавно здравје.

„Ова е резултат на неколкумесечни напори на сите во системот и на нашите граѓани“, соопштија здравствените власти, додавајќи дека мерките против „увозот“ на вирусот ќе останат на сила, бидејќи пандемијата сè уште трае.

Црна Гора ги отвори своите граници во понеделникот, но може да влезат само граѓани на земји со помалку од 25 случаи на 100.000 жители.

Иако границите се отворени со Србија, српските граѓани или жителите во таа земја засега не можат да одат во Црна Гора, затоа што има повеќе од 25 пациенти на 100.000 жители во Србија.

Засега влезот од Србија во Црна Гора е можен само за црногорските граѓани и странците со постојан или привремен престој во Црна Гора, но со 14 дена самоизолација или карантин.

Помошникот директор на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, денеска соопшти дека се исполнети условите за „откажување“ на епидемијата на коронавирус, но тој исто така посочи дека сè уште постои можност за заболување.

Крајот на епидемијата се прогласува кога нема нови случаи на коронавирус 28 дена по ред.

loading...