Црни Грујо и Бефулци од Хрониката на Фредегер (прв дел)

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Македонија од 1991год. кога прогласи независност перманентно е во некој облик на кризна состојба.

пишува Слободан Богоевски

Наместо очекуваната слобода и просперитет таа постојано тоне во хаосот на насилието на власта, беззаконието,сиромаштија и бесперспективноста за младите. Кога излеговме од периодот на социјализмот со кој порасна мојата генерација,скоро сите верувавме дека новото демократско општество ќе ги ослободи сите креативни потенцијали и дека ќе зачекориме кон посветла иднина. Нажалост,брзо стигна разочарувањето:скоро 200 000 луѓе ги загубија своите работни места;социјалната правда исчезна во замена на недефинирана верзија на дивиот,македонски облик на првобитен капитализам; парите и борбата за власт го избркаа од сцената општествениот морал; правдата беше проголтана од правото на посилниот ; семејството како темел на секое општество се повеќе ја губеше својата улога; Личната и имотната сигурност веќе никој не може да ја гарантира;Политичките партии ја презедоа улогата на државата-тие ја менуваат историјата,одлучуваат за судбината на сите и иднината на општеството. Се повикуваат на правото на мнозинството како темелен принцип на демократијата(“Победник со победник”). Полека но сигурно започна процесот на создавање повеќе држави во една Македонија.,паралелно со повеќето општества во едно македонско. Покрај државата пропишана и уредена со Уставот и законите,добивме уштенајмалку две-скриената партиска држава во која Владата,Парламентот,Судството и целиот јавен сектор се само формален декор за замаглување на нејзината суштина и држава за секоја етничка заедница во рамките на една Македонија.

Лидерите на овие заедници  во манирот на племенските подглавници од неолитот одлучуваат за сите од своето “племе”. Наместо едно,добивме повеќеопштества: богати и сиромашни; православни и католици;протестантски други;суниски исламисти од балканска провиниенција и приврзаници на т.н. Багдадски калифат;”бугарофили”,”србофили” и др.За едни сонцето изгрева на   исток а за други во Брисел. Ние сме уникат не само во регионот туку и воопшто во европската историја во поглед на тоа кому му ја доверуваме да ја води Македонија.Од дваесет и пет години самостојност,дваесет и три мандатот за премиер и составување Влада го доверуваме на младинци,без ниеден ден работно искуство, без биографија зад себе,па и недоволно или соодветно образование.

Крешендо на олективното лудило

Што друго можевме да очекуваме од нив? Ништо! Како да сакавме самите себе да се казнуваме.  На некој начин личевме на коцкари кои не само сто го прокоцкале сопствениот живот туку и иднината на наредните генерации. Им ја земавме не   перспективата туку и надежта на подобро утро во својата татковина.. Потоа великоумно,онака научно,констатиравме дека повеќе  од 600 000 млади во задните 10 год. Ја напуштиле Македонија заради “невозвратена”лубов. Останаа   само заљубените и тие кои не можеа да побегнат.Можеби повеќе личевме на оние несреќни одмаздници за кои пишува Ф. Ниче во неговото дело “Генеалогија на моралот”

Колективното лудило своето крешендо го доживеа задните десет години.Насилството,безмилосното пљачкосување на државниот имот и пари,разорниот поход во државните и јавните институции,суспензијата на претставничката власт,судството и медиумите,прогонот на противниците,рекетот и уцените станаа единствената вистина..

Тие кои  пропаднале во се во нивните животи,добија прилика да одлучуваат за туѓите животи и судбината на Македонија. Како и ликовите на Ниче,неуморно  се осветуваат на сопствениот народ и државабидејќи дури сега почнаа да сфаќаат дека украдените пари нема да ги направат среќни.Како минуваше времето,самите поверуваа дека се од божествен происход штом еден значаен дел од народот слепо ги следи. Штом еднаш го научите народот да живее не од својот труд туку да троши туѓи пари,тој спобудалува- спремен  е на најсуров начин да се пресметува со сите внатрешни и надворешни непријатели,се дотогаш додека  може да бидат подмитувани од возот,сега веќе тиранин. Кога ќе му снемаат   пари други ресурси да ги подмитува, последната надеж на тиранинот е да ја повика толпата на патриотизмот.

Црни Грујо

Гај Јулиј Цезар фантастично го користел овој метод. Во неговата книга “Галските војни” тој пишува дека кога ќе се најдел во безизлезна ситуација сооднос на противничките војски, тогаш офицерите и војската ги повикувал на патриотизам-“последното прибежиште на ништожните”Црни Грујо соочен со суровата реалност дека не е од божествен происход и дека повеќе ресурси за одржување на власт му се потрошени,после осум години заедничковладеење со Али Ахмети и неговата ДУИ наеднаш се сетија на патриотизмот. Едниот да ги плаши Македонците дека тие и државата Македонија се загрозени од Албанците и нивната тиранска декларација, а другиот дека сон не го фаќал за правата на Албанците  и употребата на албанскиот јазик како службен на целата територија на Р.Македонија.

А што правевте овие осум години заедничка апсолутна власт со која и Устав и закони можевте да менувате?! Или немавте време  броејќи  црни “овци”.Во неколку наврати режираа контролирани меѓуетнички или конфликти на верска основа со цел да го свртат вниманието на народот од реалната катастрофа во која го донесоа(Скопско кале,Бутел,Куманово и др.)Македонија не може да биде загрозена од ниеден јазик па ни од албанскиот како службен јазик. Посебно што тоа е регулирано со Уставот и амандманите од2002год.како и со закон од 2008 год..Охридскиот договор,уставните амандмани и законот се предлагани од Владата во која Црни Грујо ти беше министер или премиер. Какви предавници бараш сега кој наводно го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија,а ти наводно ја браниш!?

Или како што пишува П.П.Његош…”брани Јанко мртва Милутина, што га брани кад га не одбрани”(Инаку, овој Јанко побегнал од борбата и го оставил Милутина сам да се бори против Турците. Кога овој погинал а Турците си заминале,почнал Јанко да го тажи Милутина).Ниту пак на Албанците во Македонија единствената мака им е албанскиот јазик како службен.Ако продолжи ова темпо на иселување на младите од Македонија,за неколку години само спомениците од мермер,бронза и стиропор ќе зборуваат албански и македонски.

Затоа,немојте да ги манипулирате народните маси бидејќи тоа ќе ве проголта во бездна и вас. Во далечно и поблиско минато имате  многу примери.Јас се присетив на еден од петтиот век иако посвежо ви е сеќавањето за Чаушеску,Милошевиќ и др.

Се работи за поучната историја за начинот на војување и владеење на легендарниот Атила Аварски,на книжевниот јазик Атила Хунски и неговите Бефулци од Хрониката на Фредегер. Аарите или Хуните заедно со Њиндите(Венетите-западна словенска група на народи),предводени од Атила,  став и трепет за тогашна Европа.

Како војувал Атила?

Тргнал од Азија со само 20.000 регуларна армија.Како сојузници пред неговата војска настапувале Скити и други словенски племиња на кои покасно им се придружиле и Њенетите. Кога ќе нападнеле некој град или војска,Скитите и Њенетите напаѓале први како несторена војска(Бефулци-бесполцие,).До колку победеле,Атила прогласувал тридневна пљачка.Пленот потоа се делел пола- пола.Доколку морала да се вклучи во борбата хунската војска, Атила на Бефулци им давал само дел за плата а другото го присвојувал. Пљачкајќи, ја поминале поголем дел од Европа за на крај  да го формираат т.н. Аварски каганат. Овој каганат набрзо потоа ќе биде уништен од Каролинзите. Бефулците ќе се здружат со новите победници,а од Атила и неговите Авари нема да остане ни трага. Целосно ќе исчезнат од историјата,а Бефулци ќе продолжат со Каролинзите со истиот живот.

Оваа историска отсечка е многу поучна за секој владар-тиранин иако нашиве тирани, но ни од далеку не можат да се споредат со ликот и делата на Атила Хунски. Нашиве можат да пљачкаат и тероризираат само во малечката и сиромашна Македонија,а Бефулците на Црни Грујо и не сакаат нешто многу-доволно е да бидат дел од бандата и да можат да управуваат со животите на нормалните луѓе.

(крај на првиот дел)

Колумна: Слободан Богоевски

Слични содржини