Црногорски медиуми: Ѓукановиќ го признава поразот и поднесува оставка?

од Nikola Popovski
212 прегледи

Во Подгорица се одржува седница на Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите , а црногорските медиуми наведуваат дека ќе биде донесена одлука за свикување на вонреден конгрес на ДПС, а некои дури шпекулираат за можно заминување на Мило Ѓукановиќ.

Според црногорски „Вијести“, Конгресот наводно треба да се одржи во следните неколку месеци, а на него се очекува „сериозно преструктуирање“. За какви промени ќе стане збор, никој се уште не знане, но веќе имало шпекулации за можно заминување на Мило Ѓукановиќ од раководството на партијата, за што не било можно да се добие потврда.

Главниот одбор се состанува  само пет дена по изборите на кои била  прекината тридецениската власт на ДПС.

Во ДПС постои решителност, од сегашната состојба, како и во иднина, да не се остави ништо на случајноста и дека ќе се обидат да влијаат на сите процеси во општеството, наведува „Вијести“.

Во исто време, порталот „In4s“, повикувајќи се на неофицијални информации, објавил дека сегашниот претседател на Црна Гора и ДПС поднесува оставка и ги признава резултатите од изборите на кои неговата партија загуби по 30 години владеење.

Мило Ѓукановиќ присуствува на седницата на Главниот одбор на ДПС, како и сите други високи партиски функционери.

Слични содржини