Црногорците скандирале „Ова не е Србија“, а потоа прославувале со песна од Цеца (видео)

од Nikola Popovski
239 прегледи

Синоќа на Плоштадот на независноста во Подгорица се одржал „патриотски собир“, на кој присуствуваале околу 50.000 луѓе. По митингот каде главните пораки и слогани биле „Заситени сме од четничката слобода“, „Ова не е Србија“ и „Нема да се откажеме од државата“, поголема група приврзаници го завршиле собирот со музика на Светлана Цеца Ражнатовиќ, познатата српска пејачка.

На видеото што беше објавено на социјалната мрежа Твитер, граѓаните носат знамиња на Црна Гора и пејат стихови од популарна песна на Цеца Ражнатовиќ.

Синоќешниот „патриотски собир“ во Подгорица започнал во 19 часот без да се спомене името или конкретната организација која стои позади него. Собирот бил под името „Црна Гора ве повикува, немате изговор“, а поминал со скандирање, пеење црногорски патриотски песни, веење знамиња и без инциденти.

Слични содржини