Црвенковски молчи: Ќе се формира ли нова партија на политичката сцена?

од Nikola Popovski
318 прегледи

Откако во јавноста проструи информација дека поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски се враќа на политичката сцена и ќе формира нова партија, се огласија и од неговиот кабинет.

Од таму соопштиле за МИА дека Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања.

Премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција изјави дека не верува дека поранешниот лидер на СДСМ би можел да формира нова политичка партија.

-Гледам овие денови во јавноста е присутна информацијата дека Црвенковски ќе формира партија, никој не прашува дали оваа информација е точна. Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Не верувам во вакви приказни тоа не е точно, но треба да го прашате Црвенковски тој е еден од основачите на СДСМ беше премиер, претседател наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта, вели Заев.

Од СДСМ негираат дека ваквите случаи се одраз на поделби на партијата на повеќе крила и уверуваат дека партијата е обединета.

Слични содржини