ЦСЛУ-Прилеп: Уметноста нема граници и препреки кои не може да ги надмине

од Ивана Рамаданова
388 прегледи

Со цел пред меѓународната публика да бидат изложени и презентирани уметничките дела на познати автори, учесници на Интернационалните ликвни работилници, Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп (ЦСЛУ-Прилеп) на покана на Pantelis Tsatsis, уметнички директор на International contemporary art fair „Art Tessaloniki“, завзеде учество  на International contemporary art fair „Art Tessaloniki“.

Уметничките дела се создадени во текот на  62 годишното континуирано ликовно творештво на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

Можноста да се презентира нашата држава преку уметноста која е создадена како инспирација од истата, а од страна на  меѓународни ликовни уметници е реткост која не смее да се пропушти. Гостувањето на ЦСЛУ-Прилеп на саемот за уметност во Солун, е одлична можност да се покаже дека јазикот на уметноста не познава граници и спорови.

Горан Ристески, првиот човек на Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп и главниот виновник за реализацијата на учеството на саемот, истакна дека е важно присуството и презентацијата  на  уметноста создадена во нашата држава,  надвор од нашите граници.

„Ова е само почеток и нема да застанеме тука, за нас е предизвик и задоволство да ги презентираме уметничките дела создадени во текот на 62-годишно богато ликовно творештво во рамките на ЦСЛУ-Прилеп. Првиот ден помина одлично и пријатно сме изненадени од заинтересираноста за нашите дела и присутноста на посетители, овде луѓето навистина ја вреднуваат уметноста. Имаме уште три дена и моите очекувања се да се вратиме назад во нашата држава и да ги раскажеме позитивните искуства и важноста за наша презентација надвор од нашите граници“, потенцираше Горан..

Саемот започна на 21.11.2019 и ќе трае 4 дена до 24.11.2019.

Слични содржини