Цукерберг – “Фејсбук” привлече 2 милијарди корисници

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Од светската социјална мрежа “Фејсбук” најавија дека веќе имаат 2 милијарди корисници, соопшти USA Today. Основачот на платформата Марк Цукерберг напиша на “Фејсбук” дека официјално 2 милијарди луѓе имаат профил на социјалната мрежа.

Тој истакна дека е постигнат напредок во поврзувањето и здружувањето на светот. Цукерберг ја завршува пораката дека е чест за него да биде дел од ова патување со сите корисници.

Речиси ¼ од населението го користи “Фејсбук” најмалку еднаш во месецот. Нема друга интернет компанија која е со слично достигнување. Околу 2/3 од населението на планетата нема пристап до интернет.

Околу 15% од луѓето живеат во отцепени региони, каде што нема пристап. На други места луѓето имаат пристап до интернет, но не можат да си дозволат или имаат евтини мобилни телефони. Од 3 милијарди луѓе на интернет околу 700 милиони се во Кина.

Слични содржини