315
Ајде обратно да ја поставиме тезата. Цело време се коментира едноцифрениот број во довербата на судството. Тоа е 8 проценти. Повторно ќе кажам ако не верував, немаше да се занимавам и да се нафатам на оваа работа и да бидам министер за правда. Ќе направам сѐ што е во рамките на моите можности. На што би личело доколку министерот не верува во судството, вели министерот за правда Никола Тупанчевски во емисијата „24 анализа“ околу тоа што мисли општеството за правосудството.
Според него, нема да биде лесно и веднаш, но смета дека не е невозможно.