Тупанчевски: Постојат инструменти за откривање на незаконски стекнатиот имот

од Nikola Popovski

Министерот за правда, Никола Тупанчевски денеска информира дека очекува да биде готова првата драфт-верзија за Законот за потекло на имот.

-Очекувам во најскоро време да видиме и ние како Министерство за правда, не само запознаени, туку да додадеме и свој придонес во официјална смисла на зборот, дека тој Закон што поскоро ќе биде донесен. И понатаму одговорно тврдам дека и освен тој Закон, во моментов постојат инструменти и механизам за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот, одговори Тупанчевски на новинарско прашање.

Слични содржини