Тупанчевски: Новиот Закон за помилување нема да остава простор за погрешно толкување

од Nikola Popovski
287 прегледи

„Во моментов се работи на нов Закон за помилување. Овој закон, кој се изработува со експерти, комисии, вклучена е и Управата за извршување на санкции, ќе ги постави маргините и нема да се остави простор за погрешно толкување на некоја одредба“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчевски во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека досега сме биле сведоци каде што при помилувањата се правеа одредени злоупотреби и имаше отстапувања од самиот институот помилување.

„Исто така се работи и на нов Кривичен законик, кој меѓу другото, посебен фокус има на конекциите со Европскиот суд за човекови права“ кажа Тупанчевски.

Тој додаде дека Кривичниот законик е донесен одамна, а во меѓувреме има 37-38, како што кажа, крпеници, од кои добар дел се прави инстантно и на дневна основа, со одредени политички цели.

Слични содржини