Тупанчевски: Од 4 до 20 години затвор предвидува законот за тешки сообраќајки со смртни последици

од Nikola Popovski
639 прегледи

Министерот за правда, Никола Тупанчевски смета дека треба да докажеме и покажеме дека правдата во Македонија е неселективна.

-За пример земете ги случаите со сообраќајните несреќи во последно време. Коментарот и на обвинителите и на судиите, но и на јавноста се дека таму нешто не штима, нешто не е во ред. И кога ќе споменете дека проблемот во законот, како да кажете дека таму е проблемот, кога во него за тешки сообраќајни повреди со смртни последици предвидена е казна од најмалку 4 до 20 години затвор, рече Тупанчевски.

Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.

-Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни, додаде Тупанчески во интервјуто за МРТ 1.

Слични содржини