Тупанчевски: Постојат аномалии во правосудниот систем, ќе направам поместувања

од Nikola Popovski
255 прегледи

Не коментирам судски одлуки, но сепак ова е одлука на Врховниот суд, кој се произнесува по одлуката на Апелацискиот суд. Генерално во нашата земја постои потреба од детектирање на ензогени фактори, дека состојбите треба да се детектираат, констатираат и да се реагира во отстранување на аномалии, вели министерот за правда, Никола Тупанчевски за случајот со поранешниот судија, Владимир Панчевски, кој денеска напладне излезе од капијата на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Според министерот, постојат неколку проблеми кои се составен проблем од правосудниот систем.

-Има неколку случаи кои што на различен начин се коментираат во смисла дека одлуките имаат контрадикторности, дека отстапуваат од тоа што се вика вистинско право на владеење. За месец и ден колку што сум на функцијата не сум направил одредени поместувања, но верувам дека со разбирање, трпение и можности ќе се дојде до она што се нарекува правда како што ја замислувам, појасни Тупанчевски во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Тој исто така додаде дека во моментов се работи на нов Закон за помилување.

Слични содржини