Турција: Во воздушни напади уништени 29 терористички цели во северен Ирак и Сирија

од Radmila Tasevska

Во турските воздушни напади уништени се 29 терористички цели во северен Ирак и Сирија, а неутрализирани се многу терористи, соопшти турското Министерство за одбрана.

Целите, вклучително и пештери, засолништа, бункери и магацини, се уништени вчера во 22 часот по локално време“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека се проценува дека во некои од нив се наоѓале терористи од висок ранг.

„Воздушните напади беа извршени за да се елиминираат терористички напади врз Турција и нејзините безбедносни сили од северен Ирак и Сирија со неутрализирање на членовите на терористичката група ПКК и други терористички елементи и да се обезбеди гранична безбедност во согласност со легитимните права на самоодбрана кои произлегуваат од член 51 од Повелбата на ОН“, се наведува во соопштението.

Слични содржини