Туристичка агенција од Лондон организира патување во непознато за 28.000 евра

од desk2
128 прегледи

Иако повеќето луѓе патувањата ги планираат до детали, луксузната туристичка агенција „Black Tomato“ од Лондон нуди нешто потполно различно. Луксузните патувања „Изгубете се“ (Get Lost) се базирани на тоа како сакате да се чувствувате во текот на патувањето, а не каде сакате да отидете.

Тие кои ќе одлучат да платат 28.000 евра за патување во непознато, туристичката агенција ги поврзува со стручњак за патувања. Во текот на консултациите тој дознава од што луѓето сакаат да избегаат и како да се чувствуваат за време на патувањето.

Може да одберете и дали сакате да избегате во пустина, на поларните делови од светот, во џунгла, планина, остров, а може и да оставите стручното лице да одлучи за вас.

На патувањето добивате сателитски телефон кој функционира и кога нема мрежа, а дестинацијата ја дознавате на тргнување. Тимот од агенцијата не се меша во патувањето, освен ако се јави потреба.

До сега се организирани пробни патувања во Монголија, Свабалд и Гвајана.