94
Дошло до инцидент во Собранието откако вработена во институцијата турнала полициска службеничка, извести МВР.
Според пријавеното, на 07.04.2023 во 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 05.04.2023 околу 08:45 часот во Собранието на Република Македонија, вработената С.Б. турнала полициска службеничка и ја попречувала во извршување на службени задачи како внатрешно обезбедување во Собранието.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од полицијата.