Турските обвинители бараат две доживотни казни и дополнителни 1900 години во затвор за муслиманскиот проповедник Фетхуллах Гулен кој живее во САД. Тој е обвинет од Анкара за организирање на обидот за воен удар минатиот месец, пренесоа светските агенции.Тоа го соопштија турските државните медиуми денеска, пренесува AFP, цитиран од “Фокус”.

Во обвинение од 2526 страници, одобрен од страна на обвинителите во регионот Ушак во западна Турција, Гулен е обвинет за “обид да се уништи уставниот поредок, преку сила” и “формирање и управување со вооружена терористичка организација”, меѓу другите обвиненија.