Турскиот парламент го одобри барањето на Шведска за влез во НАТО

од Vladimir Zorba

Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, по неколкумесечни размислувања.

Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент, пренесe Блумберг.

За да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено и од унгарскиот парламент.

Слични содржини