Жителите на турското село без струја на црноморското крајбрежје за обидот за државен удар во Турција на 15 јули дознале дури десет дена подоцна, пишува „Хуриет дејли њуз”.
![]()
Жителите на селото во округот Гиресун , Северна Турција, ја дознале веста од некој овчар, кој случајно минувал оттаму.
Жителите на селото започнале петиција со барање нивното село да биде електрифицирано како и останатите села во округот.
– Ние не можеме да слушаме радио, да гледаме телевизија, ниту да ги слушнеме повиците за молитва. Дури и за веста за преврат ја дознавме од еден овчар. Сакаме електрична енергија, за да ги искористиме новите технологии, изјавила на организаторката петицијата.