Агресивната реторика на Анкара во контроверзите во Егејското Море претставува директна закана, а Атина мора да биде внимателна при изборот на одговорот пишува новинарот Том Елис во својата колумна, објавена во грчкиот весник „Катимерини“,

Командантот на турските вооружени сили генерал Хулуси Грини изјави за време на инспекција на турските војници во северозападна Сирија дека Турција има можности ” истовремено да спроведува воени операции во Африн и Егејското Море”.
” Ова служи како цврсто потврда на сомневањата дека Анкара направила избор не само отворено да оспори статус кво во Егејското Море, но и исто намерно и методично да го зголеми агресивниот тон на реторика“, алармира весникот.
Токму во таа ансока „Катимерини“ коментира дека :„Во Грција долго време зборуваме и бараме вина во името на ПЈРМ, иако повеќето земји во светот ја признаа под името Република Македонија пред многу години. Продолжувањето на овој дипломатски ќорсокак ги двои нашите сили на два фронта“, предупредува авторот. Според него, односите меѓу Атина и нејзиниот северен балкански сосед можат да се развијат преку поумешен и пофлексибилен пристап, па и да ја претворат Македонија во најблискиот сојузник на Грција.
„Во исто време има еден друг сосед на Грција, кој ги прикрива своите претензии кон Атина, но со своето однесување и говорите претставува вистинска закана, нагласува Том Елис во коментар со наслов „Односите со ФИРОМ и влијанието на Турција“.
Понатаму во текстот се додава дека Турција веќе има големо влијание на Балканот, а сега ќе го зголеми дополнително. Во овој контекст, авторот смета дека подобрувањето на односите со Македонија би се покажало од витално значење за интересите на Грција.