Портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот Омер Челик го повика новиот премиер на Грција Киријакос Мицотакис да екстрадира осум турски војници , кои избегаа во Грција по неуспешниот државен удар на Турција во јули 2016 година, соопштуваат грчките медиуми во четвртокот.

 

Грчкиот суд нареди екстрадиција на тројца турски пилоти, бегалци од Ердоган, но  пилотите ја обжалија одлуката.

Мицотакис од неговото семејство знае што е државен удар откако неговиот татко избегал во Турција. Се надеваме дека тој ќе стори повеќе за враќањето на осумте заговорници – терористи “, порача Челик.

Од нивното ослободување од грчките власти, осумте лица се на тајно место, и официјална Грција вели дека не знае каде се.