Турција не се откажува од руската вакцина, започнуваат токсиколошките испитувања

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека Турција ќе започне со токсиколошки тестови на руската вакцина против коронавирусот.

„За нас е важно вакцината произведена во Русија да помине токсиколошки тестови и да е во согласност со GLP (систем за добра лабораториска пракса). Ние започнуваме со овие тестови. Ако сè оди добро, можам да кажам дека нема да има проблеми со испорака на вакцината произведена во Русија“, рече Коџа за време на прес-конференција во Анкара.

Веста дека Турција се откажала од руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ е недоразбирање, по тоа прашање треба да се водиме според последната изјава на министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа, изјави за Спутник прес-службата на турското Министерство.

„Понекогаш има недоразбирања. На темата за руската вакцина, обрнете внимание на последната изјава на министерот “.

Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, изјави дека рускиот фонд за директни инвестиции до Светската здравствена организација доставил документација за сертифицирање на вакцините, со што вакцината може да се препорача на други земји, вклучително и на Турција. Во овој случај, конечната одлука останува на секоја земја.

Слични содржини