Турција се откажува од наследството на Кемал Ататурк! Претендира за острови и карпи во Егејското Море

од desk3
99 прегледи

До ден денешен Турција и Грција не се договорија за поморската граница во Егејското Море, статусот на некои острови и карпи останува нерегулиран. Ова се вели во изјава на турското Министерство за надворешни работи, добиено во агенција РИА-Новости.

0193544001469517127_566124_292x224
“Меѓу Турција и Грција има серија прашања за Егејот. Особено не е одредена поморската граница во рамките на меѓународниот договор во делот за припадноста на некои острови и карпи. Познато е дека овие прашања се дискутира по каналите на дијалогот меѓу Турција и Грција. До денес нема никаква промена на статусот на овие острови и карпи “, се вели уште во мислењето на Министерството, во Анкара. Претходно оваа недела, во говорот пред турскиот парламент претседателот Реџеп Ердоган даде изјава што беше оценета како територијални претензии кон Грција, како ревизија на меѓународното право за територијалните прашања и на политичкото наследство на Кемал Ататурк.